Џафери: Идентитетот е потврден, спорот со Бугарија да се реши низ дијалог

by Фокус 23:46
23:46

Спикерот Талат Џафери во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 порача дека спорот со Бугарија треба да се реши низ дијалог.

-Идентитетот е потврден, во однос на сопствено чувство. Уставот ги определил тие работи околу идентитетот, а односот околу спорот треба да се решат преку дијалогот – рече Џафери.

- Advertising -

Притоа, тој посочи дека ставил на маса идеја за алтернативна работа на парламентот во услови на ковид, меѓутоа, како што рече, идејата наишла на нож.

Поврзани новости