Џафери: Правичната застапеност во фирмите е во нивна корист, пазарот е на цел простор

by Фокус

Претседателот на Собранието Талат Џафери во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, коментирајќи ја изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби околу субвенциите за приватните компании кои ќе вработуваат Албанци, рече дека застапеноста на заедниците е уставна категорија.

-Оваа уставна категорија ги обврзува сите да ја исполнуваат во процесот на вработување, а застапеноста во приватниот сектор би било во интерес да има застапеност имајќи во предвид дека пазарот, односно понудата нивна е на цел простор – смета Џафери.

Поврзани новости