664
Никола Груевски денеска во Струга, во одморалиштето Мајски цвет, злоупотреби деца за политички цели и покажа дека нема совест, дури и кога се работи за деца и за ранливи категории граѓани, реагираше попладнево СДСМ.
„Со кое право Груевски ги нареди децата во колона, да му аплаудираат, додека тој парадира пред нив? Тоа што се деца од социјално загрозени семејства и деца без родители, не му дава за право да се постави над нивното достоинство. Децата имаат право на бесплатен одмор. Никола Груевски треба да се засрами“, се вели во писмениот допис од опозициската партија.