Се фрлила од барокниот Мост на уметноста

by Фокус

Женско лице во средата се качило на оградата од Мостот на уметноста и се фрлило во водите на реката Вардар, информира полицијата.

Полицајците кои го обезбедуваат новиот објект на МНР, кој е во близина, ги викнале своите колеги од станицата во Центар и алфите.  Тие влегле во реката, ја извадиле жената која било во бесознание ѝ пружиле прва помош по што повикале медицинска екипа.

Министерката Гордана Јанкулоска денеска се сретнала со припадниците на овие единици и им се заблагодарила за пожртвуваноста и за брзата реакција.

Поврзани новости