За ВМРО СДСМ е невоспитана

by Фокус

Реакцијата на СДСМ е невоспитана и срамна, и го покажува вистинското лица на партијата. Малициозноста нема да ја натера владата да се откаже од проект од кои конкретна корист имаат стотици дечиња, велат од владејачката партија како одговор на обвинувањата дека Груевски ги злоупотребил во децата кои летуваат на владина сметка во политички цели.

„Не смее СДСМ од еден одличен проект на Владата да ја сведува дискусијата на вакви патетични и навредливи реакции, навредливи за целата јавност. Премиерот Никола Груевски ќе присувствува и ќе остварува средби секогаш и на секое место, ако тоа се подржување на проекти кои се од корист на граѓаните. Присуството на премиерот Груевски немаше никаква врска со политика, ниту пак имше таква тежина туку единствено имаше хумана човечка димензија“, аргументираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според властодршците СДСМ го вулгаризира проектот затоа што знаат дека се работи за успешна мерка.

„Проектот е почнат од 2012 година, годишно опфаќа по 3000 деца од семејствата приматели на социјална помош, деца со пречки во развојот и деца без родители и родителска грижа“.

„Фокус“ го доби соопштението од ВМРО-ДПМНЕ благодарејќи на колегите од другите редакции бидејќи владејачката партија одбра своите соопштенија да не ги испраќа до нашиот медиум.

Поврзани новости