СДСМ ги оспори честитките за Иванов

by Фокус

Притеснет од јавноста дека нема честитки за Ѓорге Иванов, неговиот Кабинет мораше да ги објави добиените, а преку нивната содржина уште покатегорично излезе на виделина ставот на ЕУ, за политичките случувања во земјава по изборниот процес, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Лично претседателот на Европската унија Жозе Мануел Баросо во честитката му потенцира на Иванов дека важни предизвици се на патот на интеграцијата на Македонија во ЕУ, а меѓу нив наведува дека од суштинско значење е градење доверба меѓу граѓаните во демократските процеси“, стои во дописот до медиумите.

На ниво на укажување е честитката и од претседателот на Германија, Јоаким Гаук, велат од СДСМ – кој му посочува на Иванов дека единствениот правилен пат за Македонија кон европските народи е “патот кон правната држава“.

„Ѓорге Иванов и неговиот ментор Никола Груевски имаат избор да сфатат што им порачува релевантниот меѓународен фактор или ќе продолжат да ја уништуваат Македонија“.

Поврзани новости