СДСМ: Ги ослободуваме заробените институции од режимот на Груевски

by fokus

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешните прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку 11 годишното неодговорно, криминално и расипничко владеење, ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата партизација и злоупотреба на државните институции кои наместо да бидат сервис граѓаните, се претворија во сервис за исполнување на желбите и интересите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Додека мнозинството граѓани живееше во сиромаштија и долгови, ВМРО-ДПМНЕ без никакви критериуми инсталираше партиски кадри во државните институции, а голем број членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ членуваа во неколку Управни одбори истовремено. Додека голем дел од граѓаните преживуваа, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеа на луксуз, скапа гардероба и ручеци од неколку стотици евра.

Владата предводена од СДСМ започнува процес на ослободување на заробените институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Департизацијата и професионализацијата на институциите започна, колку и тоа да не го разбира ВМРО-ДПМНЕ. Секој граѓанин ќе го најде своето место во заедничкото општество кое ќе пружа еднакви можности за сите, а лицата кои правеа поделби, вршеа притисоци и сееа омраза, веќе не смеат да управуваат со државни институции и ќе мора да сносат одговорност за своите постапки“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости