Поднесени над 1.000 амандмани за ребаланс на буџетот

by fokus

Собраниската расправата за ребалансот на буџетот стартува во понеделник во комисијата за финансирање и буџет, а според информациите од Собранието, досега се поднеле околу 1.000 предлог промени на буџетот. Најголем дел од нив поднела опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, а само неколку ДУИ.

Според предложениот ребаланс предвидено е кратење на расходите од 48,7 милиони евра и на капиталните инвестиции за исто толку, а предвидено е да се реализираат сите веќе започнати инфраструктурни проекти, како и да се додаде изградба на некои нови училишта во источна и во западна Македонија.

Со ребалансот се кратат непродуктивните трошење во институциите, Владата и кај Претседателскиот кабинет.

Речиси 7 милиони евра ќе биде покус буџетот на премиерскиот кабинет, а кабинетот на претседателот на државата ќе има помалку 95 илјади евра  за трошење.

Со ребалансот најмногу пари се кратат од Министерството за образование, вкупно 21 милион евра и Министерството за внатрешни работи кое ќе има помал буџет за 6,7 милиони евра. За 3, 7 милиони евра е скратен буџетот на Министрството за култура.

 

Поврзани новости