Митревски: Законските измени за плаќање на придонеси на хонорарците ќе ја намалат невработеноста

by Фокус

Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митрески, смета дека законот кој наметнува обврска за здравствено и пензиско осигурување на хонорарците ќе ја сузбие нелојалната конкуренција и вистински ќе го вреднува трудот.

– За нас како синдикат значајно е овие работници да бидат внесени во системот на социјални осигуреници – за секој труд да биде евалуиран и да биде платен и со пензиско и со здравствотено осигурување. Со донесувањето на овој закон ќе се елиминира големата нелојална конкуренција и ќе се елминира еден голем дел на работници кои работеа во сива економија и не можеа да бидат заштитени. Според анализите, голем дел од вработените во приватниот сектор работат со минимална плата, кај останатите беа правени злоупотреби, односно еден дел беа ставени како хонорарци и беа елиминирани од сите работнички права – рече Митрески.

Против ваквите законски одредби, неколку синдикати и здруженија, меѓу кои и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, најавија протест во понеделник.

Поврзани новости