СДСМ: Екстремното загадување е резултат на криминалните политики на ДПМНЕ, ние проблемот го решаваме системски и сериозно

by Фокус

Децениските криминални политики на ВМРО ДПМНЕ придонесоа за симстемско уништување на зеленилото и животна средина, а игнорирањето на алармантните последици од негрижата за животната средина доведоа до екстремно загадување кое што ѓраѓаните се уште го чувствуваат, реагираат од СДСМ кон обвинувањата од ДПМНЕ дека владата не презема никакви мерки за проблемот со аерозагадувањето.

„После децениска негрижа и неодговорност, работите се менуваат, проблемот се решава со системски мерки и сериозен пристао од институциите. Продолжува акцијата за зазеленување на Град Скопје. Досега се засадени над 8.000 дрвја. Во текот на вчерашниот ден засадени се 160 стотици високвалитетни садници во општина Кисела Вода. Претходно акција за засадување се спроведе и во општините Ѓорче Петров, Сарај, Бутел, Аеродром и Карпош. Засилениот инспекциски надзор и контрола на големите индустриски загадувачи, континуираното расчистување на дивите депонии, субвенционирањето на печки на пелети за загревање на домовите на граѓаните, засилениот процес на гасификација од наредната година се само дел од мерките што се преземени или се во најава со цел да се стави крај на деценискиот проблем со загадувањето на воздухот“, стои во соопштението на социјалдемократите.

Од таму додаваат дека се решава и проблемот со загадувањето од сообраќајот, така што од следната година пристигнуваат нови 40 еколошки градски автобуси во Скопје, а автобуси со еколошко гориво се предвидени и за други градови во Македонија.

Поврзани новости