Ја распалил скарата и предизвикал пожар во ресторан

by Фокус

Вчера наутро С.А.(21) од Скопје пријавил дека избувнал пожар неколку минути  откако ја распалил скарата во угостителски објект лоциран на улица “Бранко Зревски” во Скопје, во сопственост на неговиот татко.

„Во пожарот опожарен е оџакот и дел од кровната конструкција од објектот. Пожарот е локализиран и изгаснат од страна на Противпожарна екипа Драчево во 09,30 часот, повредени лица нема“, стои во полицискиот билтен.

Поврзани новости