Над 6120.000 граѓани во Македонија гласаа за промени, од кои мнозинството кажаа дека се против екстерното тестирање, кое што не донесе ништо добро на образованието, освен што ги трауматизира учениците и прави притисоци врз наставниците, професорите и родителите, реагираат од опозицискиот СДСМ.
– Непочитувањето на ставот на мнизинството граѓани од страна на власта во заминување, којашто и во јануари ќе спроведува екстерно, само да го задоволи сопствениот хир, е класично насилие врз волјата на граѓаните. Како што ветивме во Планот за живот, екстерното тестирање ќе го укинеме на првата владина седница. За тоа е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија. За сите штетни последици врз учениците, наставниците и професорите и родителите ќе има одговорност – се наведува во партиското соопштение.