АПМ: ВМРО-ДПМНЕ да го врати мандатот за формирање на влада

by Fokus

Алијансата за позитивна Македонија смета дека развојот на актуелната политичка состојба во државата не се одвива според волјата на мнозинството на граѓаните искажана на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година, коишто гласаа за промена на десет-годишното владеење на режимот на Никола Груевски.

– Сузбивањето на криминалот и корупцијата, владеењето на правото и независноста на судството, почитувањето и заштитата на човековите и граѓанските права, развојот на мултикултурното општество и интеркултурализмот, безкомпромисното спроведување на т.н. Препораки на Прибе, се едни од главните приоритети на кои што треба да профункционираа идната влада, за да може Македонија да се врати кон демократскиот развој и евро-атланските перспективи. Токму поради тоа потребен е силен импулс да се врати довербата во правдата и правната држава и да се продолжи мандатот на СЈО за поднесување на обвиненија поврзани со прислушкуваните разговори – се наведува во партиското соопштение од АПМ.

Алијансата за позитивна Македонија смета дека со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ званично се изјасни дека не сака да ги почитува овие определби за што се изјасни огромно мнозинството на граѓаните на предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016, веднаш да го врати мандатот за формирање на влада, со што побргу би се отворил процесот за формирање на Влада според волјата на граѓаните и враќање кон демократијата, економскиот развој, социјалната благосостојба и евро-атланските интеграции.

Поврзани новости