Никола Попоски и ДПМНЕ во напад на медиумите и Сорос

by Fokus
Лобито на Сорос финансираше македонски невладини организации со сума којашто се доближува до 5 милиони годишно. Практично, истата сума којашто владата успеа да ја обезбеди со кампањите за поддршка на здравствените проекти и на проектите за стручно оспособување, вели Никола Попоски во интервју за „Ла Верита“, пренесува Телеграф.

Кога падна владата во 2015 година, имаше многу странски притисоци од страна на играчите на меѓународната сцена, но и на странските разузнавачки служби. Не сметајќи ги притоа фондациите и лобијата, коишто сѐ уште притискаат врз македонското граѓанско општество. За фондацијата Отворено општество, предводена од Џорџ Сорос. Сорос се мешаше со години и продолжува да се меша. Преку своето лоби финансира голем број невладини организации, коишто се присутни на нашата територија – тврди Попоски во интервјуто.

Со соопштение излегоа и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што велат дека, СДСМ и Сорос се посветени на мисијата за уништување на демократијата преку директен и брутален напад на секоја мисла различна од нивната матрица.

– СДСМ и Сорос преку истурање грантови системски ги корумпираат новинарите и медиумите, создавајќи од нив полукорисни роботи кои без приговори ги извршуваат задачите кои им се даваат. СДСМ и Сорос се гробари на т.н. граѓански сектор создавајќи мрежа на марионетски невладини организации кои се слепи послушници на наредбите кои ги добиваат со цел креирање тензии и зголемување на влијанието на Сорос во државата. Народот одлучи: процесот на десоросоизација отпочнува – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости