507
Централниот одбор на СДСМ едногласно ја донесе одлуката да започне објавувањето на „бомбата“, со што според нив, сите криминали на власта ќе излезат на виделина. Ваква одлука беше донесена на вечерашната седница.
Сите членови на Централниот одбор во седиштето на СДСМ ја одобрија одлуката на претседателот Зоран Заев. Тие го овластуваат раководството од понеделник да почне да ги објавува доказите за систематска злоупотреба, прислушување, лажирање на пописот и на изборите.