Бомбата на Заев има материјали кои упатуваат на систематско и незаконско прислушување на илјадници граѓани, целосна контрола и злоупотреба на државните институции и правосудни инстанци во партиски и изборни цели

by Фокус

Систематско и незаконско прислушување на илјадници граѓани, целосна контрола и злоупотреба на државните институции и правосудни инстанци во партиски и изборни цели, злоупотреби и груби нарушувања во изборниот процес како и криминал и корупција во највисоките ешалони на власта се материјалите кои ги содржи „бомбата“ на Заев. Овие сознанија се потенцирани во заклучоците на Централниот одбор на СДСМ од вечерашното гласање, објави порталот А1 ОН.

-Документите ги потврдуваат ставовите на СДСМ и на голем дел од македонската и меѓународната јавност, за притисоците врз медиумите и слободата на изразување, целосната контрола на државните институции од страна на врхушката на власт, селективната и партиски диктирана правда како и погазената правна држава, пишува во заклучокот на СДСМ.

Поврзани новости