СДСМ е против идејата породилното да се исплаќа преку фирмите

by Фокус

СДСМ се спротивставува на намерата на актуелната власт исплатата на породилните надоместоци да се исплаќаат преку фирмите.

– Бараме повлекување на оваа предлог мерка затоа што ги загрозува основните права на жените. Државата мора да биде гарант за обезбедување на првата и заштитата на жената родилка. Се загрозува положба на жените, се форсира нивна нееднаквост и дополнително исклучување од пазарот на труд. Се загрозува пристапот на жените до право на бременост и мајчинство. Се зголемува несигурноста на работните места на жените и дополнително ќе влијае на намалување на пристапот на жените до заработувачка – изјави денеска Мирјана Николовска, членка на Форум на жени на СДСМ.

Овој предлог на власта, според неа, е спротивен и на Конвенцијата за мајчинство (бр.183) што ја има ратификувано и Македонија.

– Согласно овие меѓународни стандарди државата би требало да ја укине целата административна процедура за исплата на породилно отсуство. Односно, автоматски да го исплатува надоместокот, без да чека уплати од работодавачите. Конвенцијата 183 укажува дека откако ќе се утврди правото за надоместот поради бременост и раѓање, истото не смее да биде ограничувано со дополнителни услови. А токму тоа се прави во моментов. Се создава тој сериозен административен товар и се доцни со исплатите – вели Николовска.

СДСМ смета дека наместо вакви мерки на штета на жените, родилките и идните мајки, власта треба да превземе други механизми за навремена исплата на средствата од породилно отуство.

Поврзани новости