Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски очекува во среда да се донесе одлука за методологијата за прочистување на Избирачкиот спикок.
На средбата со Државната изборна комисија, треба да се одлучи на кој начин ќе се прочистуваат 40 илјади спорни гласачи.
– Мислам дека конечно в среда, на состанокот на работната група со ДИК, би требало да има некакво решение за спорните гласачи. Тоа не се гласачи што ќе се бришат од избирачкиот список, туку наводни гласачи кои немаат право на глас и за кои допрва треба да донесеме решение – вели Манчевски.
Според предлозите на СДСМ, ДИК јавно ќе ги објави спорните гласачи на и тие сами ќе треба да се пријават за да се корегираат податоците, а доколку не го направат тоа ќе бидат избришани од Избирачкиот список.
На денешната прес-коференција, Манчевски потсети и дека ВМРО-ДПМНЕ ветила оти ќе ги прифати нивните предлози за медологијата за простување на Избирачкиот список, но вели дека до сега, не се исполнило ветеното.
-Ако се сеќавате, Никола Груевски еднаш рече дека ќе прифати сè од СДСМ што е поврзано со избирачкиот список. Јасно е дека и тогаш излажа затоа што, еве, како што можете да видите, тој не го прифаќа нашиот предлог за спорните гласачи – рече Манчевски.