Во среда нов протест на Шарената револуција

by fokus

Шарената револуција денеска на својата официјална Фејсбук страница најави нов протест во среда во 19 часот пред Специјалното јавно обвинителство.

-Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да се овозможи да одговараат сите функционери кои преземале криминални дејствија. Ова го бараат граѓаните, заедниците и политичките фактори кои се борат за демократизација на Република Македонија. Заштитата на СЈО е гаранција дека ќе има правда во Македонија, но власта и Уставниот суд упорно се противат на волјата на граѓаните и подготвуваат опасен план за криминалот да продолжи да владее. Затоа, протестираме против овој режим! Протестираме за да има правда! Протестираме за одбрана на СЈО! Протестираме во среда, 6 јули, 19 часот, пред нашата тврдина – Специјалното јавно обвинителство!, стои во повикот за протестот.

Поврзани новости