Се одржа протест за малиот Алмир, семејството се огради

by fokus

Во Куманово денеска се одржа закажаниот протест за намерното газење на четиригодишниот Алмир Алиу. Протесотот беше во организација на невладината организација Зани (Глас), а под мотото „За правда“.

Родителите на Алмир претходно повикаа на случајот да не му се дава етничка конотација и беа против одржување на протест и се оградија од него.

-Нема потреба од протести. Тоа што требало да се случи, се случи. Ние немаме работа со лицето што го згази Алмир, со него сега си има работа државата. Му оставаме на судот, судот да ја одлучи правдата, рекоа роднините на малиот Алмир.

Демонстрантите пак, побараа политичарите да не ја злоупотребуваат несреќата во политички цели кои можат да доведат до меѓуетнички тензии.

Поврзани новости