СДСМ: ДПМНЕ се спремни да се жртвуваат само да го спасат Груевски

by Fokus

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат став за клучното прашање за иднината на државата, останува да соопштат за што се, граѓните се за светла иднина, за напредок, за членство во НАТО и ЕУ, се наведува во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

„Референдумот на којшто граѓаните ќе го кажат последниот збор за иднината на државата е пред нас. Прогресивните сили, прогресивните демократски партии, граѓаните, граѓанските организации, сите се обединети за светла иднина, за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, за напредок. Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат јасен став, не се изјасниле за што се. ВМРО-ДПМНЕ досега покажа дека се подготвени да ја жртвуваат иднината само за амнестија на Никола Груевски и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Останува да изберат и да соопштат за што се – се наведува во соопштението.

 

Поврзани новости