ВМРО-ДПМНЕ: Шеќеринска со државни хеликоптери се развозува на скапи ручеци додека војската јаде грозна храна

by Fokus

За жал Зоран Заев и Радмила Шекеринска и удираат шамар на АРМ. Додека Зоран Заев прави неискрени хвалоспеви во реалноста удира по столбот на државноста, армијата на Република Македонија, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Зоран Заев вели дека бил за НАТО, со ваква криминална власт НАТО е се подалеку. Ова е влада која успеа дури и од пропаднатата прослава за НАТО да пере пари изразено во илјадници евра. И додека и Шекеринска и Заев сакаат да се сликаат со војниците, во реалноста тие се оставени на цедило и нема пари дури за нивен превоз. Тие од свој џеб си плаќаат за нешто што е обврска на државата. А, да не збориме за лошата исхрана на војската додека министерката со државни хеликоптери се развозува на скапи ручеци – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости