Со поднесување на пратенички листи за непостоечки избори Никола Груевски потврди дека за него државата и граѓаните се на последно место, смета СДСМ.
– Груевски не го интересираат граѓаните, не го интересира иднината на државата. Додека граѓаните 10 години осиромашуваа, за Груевски и друштвото од врвот на ВМРО-ДПМНЕ најважно беше личното богатење.Затоа сега најважни им се аболициите што по нарачка ги добија од лицето Ѓорге Иванов, спротивни на закон и Устав. По секоја цена сакаат да го заштитат својот криминал. Во страв, бегаат од слободни, фер, демократски и регуларни избори. Подготвени се на се’, да ја загрозат иднината и сигурноста на државата, меѓународно да ја изолираат, во надеж дека ќе се спасат од одговорноста за криминалот – се наведува во партиското соопштение на СДСМ.
Но, додаваат од партијата, дека демократска Македонија тоа нема да им го дозволи.
– Никој нема да ја држи иднината на Македонија во заложништво. СДСМ заедно со граѓаните ја продолжува битката за враќање на слободата, демократија. Во Македонија може да има и ќе има само слободни, фер, демократски и регуларни избори. Македонија ќе биде слободна земја! Земја во која што неприкосновено ќе биде демократското право на слободен избор, по принципот еден човек-еден глас.Секој што нанел штета на граѓаните и државата со криминал ќе се соочи со правдата! Заедно со граѓаните ќе победи слободна Македонија – реагираат од партијата.