Хајндл: Потребен е заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат реформите

by Фокус

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија и амбасадор во Виена, Јоханес Хајндл во дадената изјава тврди дека дошол да се запознае со ситуацијата во Македонија и првенствено да ислуша што имаат да кажат политичките партии.

– Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот – истакна Хајндл.

Поврзани новости