СДСМ до Мицкоски: Вратете ги парите!

by Фокус

Виде народот денеска дека Христијан Мицкоски ја разбира правдата исто како неговиот ментор Никола Груевски, тој да седи во скапиот бел дворец со вазни од 180.000 евра и плочки од 100.000 евра и му кажува на судот како да суди, реагира СДСМ, откако Мицкоски изјави дека судскиот спор за „Талир 2“ се водел во незаконска постапка.

„Во судскиот процес Талир 2 се е јасно, ВМРО-ДПМНЕ на незаконски начин се стекнала со имот меѓу кој и Белиот дворец и уште 30-тина простори низ државата. Наместо да бараат изговори, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат парите“, реагираа од СДСМ.

Од владејачката партија возвратија и на критиките на Мицкоски кон преговорите со Бугарија за тргање на ветото кон земјава.

„Бугарски ставови влегоа во Резолуција на Европската народна партија на Конгрес на кој присуствуваше лично Христијан Мицкоски. Истите тие позиции Мицкоски ги поддржа а потоа се криеше од граѓаните. Сосема спротивно на Резолуцијата за македонските црвени линиии усвоена во Собранието. Мицкоски прави штета, ги поткопува македонските позиции, ја руши државната стратегија“, истакнаа од партијата на Димитар Ковачевски.

Поврзани новости