да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза. Тоа е кривично дело, предупредуваат прилепските социјалдемократи.
„Наместо да ги заштити учениците, директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Кирил Николоски, лично ги повикувал учениците да учествуваат во протести со кои се шири етничка и национална омраза, како што може да се види од видеото што излезе во јавноста преку социјалните мрежи. Институциите се должни веднаш да ги санкционираат ваквите злоупотреби. Никој нема право да шири партиска пропаганда, да држи партиски говори и да манипулира со деца во образовните институции, за лични партиски и криминални цели“, пишува во реакцијата на СДСМ Прилеп.
Демократските процеси водат кон формирање нова реформска Влада која ќе го врати достоинството на образовните институции и ќе спречи ваква скандалозна злоупотреба на ученици, вели СДСМ.