СЈО тврди дека Сеад Кочан ја напуштил државата откако му бил одреден притвор

by fokus 16:07
16:07

Седум дена никој не знае каде е Сеад Кочан. И не отишол на службен пат пред да му биде изречена мерката притвор, туку ден по одредувањето, на 9 март, изјави Гаврил Бубевски, обвинител на СЈО денеска на јавната седница на Апелацискиот суд на која се расправаше за притворот на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан.

Одбраната и адвокатот Никола Додевски ги отфрли сите докази доставени од СЈО, како неосновани и оцени дека тоа е напад врз медиумите бидејќи Кочан повеќе не бил управител на „Трансмет“, бил само сопственик на ТВ Нова.

Според СЈО промената на сопственоста е извршено на 02.03.2017 година, а одобрена на 06.03.2017 и дека во моментот кога Кочан бил однесен пред судија на претходна постапка, тој се уште бил управител на „Трансмет“.

Седницата на Апелацискиот суд заврши пред малку, а одлуката по жалбата на одбраната за притвор на осомничениот бизнисмен ќе биде дополнително соопштена.

Во истрагата што ја отвори СЈО освен „Трансмет“, се сомничат и фирмите „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани, дека со фалсификувани документи учествувале на тендер на Електрани на Македонија за ископ на јаловина во рудникот Суводол. СЈО тврди дека  ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист од околу 17 милиони евра.

 

Поврзани новости