ПРЕМИУМ ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР на „Мак Аутостар“ – нова инвестиција во висина од над 10 милиони евра за успешен бизнис во Македонија

by fokus 15:18
15:18

Компанијата Мак Аутостар дооел, Генерален застапник за Мерцедес-Бенз и Мицубиши во Македонија, денеска официјално го означи поставувањето на темелите за изградба на новиот деловен објект во општина Гази Баба. На свечениот чин присуствуваа претставници на инвеститорот, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, како и заменик германскиот амбасадор во Р. Македонија, Марко Акватичи.

Објектот се наоѓа непосредно пред салонот на Мерцедес и дел ќе биде наменет за сопствени потреби на Мак Аутостар, а поголем дел за изнајмување на деловен простор на фирми кои имаат потреба од современ начин на водење на бизнисот во Македонија.

„Оваа инвестиција е со планирана вредност од над 10 милиони евра и навистина сме среќни што ќе бидеме во можност да им обезбедиме на фирмите-идни корисници на деловен простор во Премиум центарот модерно опкружување со високи стандарди, соодветен паркинг простор опремен и со полначи за електрични возила и дополнителни содржини како современ фитнес центар и кафетерија-ресторан со уникатен панорамски поглед“, изјави генералниот директор на фирмата инвеститор, Мак Аутостар, Зоран Марковски.

Објектот со својот изглед претставува уникатно, современо архитектонско решение, и ќе се гради според најновите градежни стандарди. Деловниот објект кој ќе го носи името ПРЕМИУМ ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР ќе се простира на 7 спрата, со вкупна корисна површина од 12.000 м2 и подземен на 3 нивоа паркинг простор од 5.000 м2.

Во план е објектот да биде завршен до крајот на 2017 година.

Поврзани новости