СДСМ: Директорот на Агенцијата за разузнавање крие луксузен стан

by fokus

Од опозицискиот СДСМ обвинуваат дека директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чалев поседува стан од 90 илјади евра, кој не го пријавил во неговиот Анкетен лист.

Членката на извршниот одбор на партијата, Рената Јајоска на денешната прес-конференција, пред зградата каде, како што рече, се наоѓа станот на Чулев, го покажа Анкетниот лист на директорот на АР, изваден од интернет-страницата на Државната комисија за спречување на корупција, како и имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности.

-. Еве го Анкетниот лист на овој висок функционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, со денешен датум. Изваден е од веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Станот на оваа адреса, Фрањо Клуз број 2, со површина од 63 метри квадратни во вредност од околу 90.000 евра, во Анкетниот лист го нема. Дека директорот на Агенцијата за разузнавање поседува стан во овој луксузен комплекс, со пазарна вредност од околу 90.000 евра, може да се види од овој имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности. Еве, состојбата е со денешен датум, станот е во сопственост лично на Наќе Чулев“ – рече Јајоска.

Таа посочи дека Чулев како директор на АР е должен да поднесе детален приказ на неговата имотна состојба во Антикорупциската комисија.

Поврзани новости