Иванов помилувал и обид за убиство и разбојништва

by fokus

Нови контраверзии околу празничните помилувања на претседателот Ѓорге Иванов. Освен што претседателот два пати помилувал ист осуденик за поседување оружје, според Телма, Иванов целосно ослободил од казна затвор, осуденик за разбојништво и обид за убиство. Лицето биле осудено на 12 години затвор, а со помилувањето одлежал само шест месеци.

Инаку, Иванов вчера помилува 43 затвореници по повод празникот Илинден. Меѓу нив нема ниту една жена.

Претседателот два пати годишно потпишува помилувања, за Илинден и Нова Година. Неговата последна одлука за  помилување пред Нова Година предизвика големи реакции во јавноста поради рекордниот број на осуденици, вкупно 174, но и поради изборот бидејќи на листата се најдоа лица кои се осудени за тешки кривични дела.

Поврзани новости