Изгласан ребалансот на Буџетот

by fokus

Со 55 гласа „за“ и 23 гласа „против“, денеска во Собранието беше изгласан ребалансот на Буџетот. Ребалансот поддршка доби од пратениците од власта, а против беа опозициските пратеници.

Главна карактеристика на овој ребаланс се скратени приходи и расходи, како и зголемен буџетски минус.

Пратениците од опозицијата ја критикуваа власта за „недомаќинското работење“, а како главна забелешка беше што во овој ребаланс влезе и задолжувањето од еврообврзница во висина од 450 милиони евра, за кое претходно не беше издадено правно мислење од министерот за правда Валдет Џафери.

Поврзани новости