СДСМ денеска во Шуто Оризари и Чаир, ВМРО – ДПМНЕ во Куманово и Ѓорче Петров

by fokus 11:17
11:17

Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ денеска ќе одржи митинзи во Шуто Оризари во 12 часот и вечер во 19 часот во Чаир.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ѓорче Петров во 17, 30 и во Куманово во 20 часот.

- Advertisements -

Коалицијата за промени и правда ќе одржи митинг пред општина Кисела Вода во 17 часот, ќе има средба со граѓани во општина Карпош, а лидерот на Демократскиот сојуз и носител на кандидатска листа во првата изборна единица, Павле Трајанов ќе одржи прес-конференција на плоштад „Делфина“ во 13 часот.

ДПА ќе има митинг во Струга во Домот на културата во 16,30 часот.

Коалицијата Алијанса за Албанците ќе одржи митинг во Гостивар во 19 часот.

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ за ИЕ 1, Ден Дончев, ќе даде изјава пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 12 часот.

Поврзани новости