СДСМ денеска ќе поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната седница

by fokus

СДСМ денеска ќе поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието до претседавачот Трајко Вељаноски, потврдија партиски извори за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Од Собранието велат дека кога ќе пристигне иницијативата со 67 потписи, ќе го известат претседавачот, кој според Деловникот, нема предвидено рок во кој е должен да свика продолжување на седницата од 30 јануари, туку треба да го направи тоа кога ќе се создадат услови.

По примање на иницијативата, Вељаноски треба да свика координација за да се одреди составот на Комисијата за избори и именувања, како и дневниот ред на седницата.

Поврзани новости