СДСМ демантира дека ветиле вработување на 300 пилоти во Арачиново

by fokus

Демант на изнесени лажни вести, објавени на ТВ21, лица со низок кредибилитет, лажат дека им било ветувано дека ќе се вработат 300 пилоти, тоа не е точно, реагираат од СДСМ.

„СДСМ најостро ги демантира лагите изнесени во телевизиската емисија „Клик плус“ на ТВ21, дека наводно на жители на Арачиново им било ветувано дека ќе бидат вработени дури 300 пилоти. Тоа не е точно.

Станува збор за класични лажни вести изнесени од страна на извесен Шаби Билали, лице со сомнителен кредибилитет.

Лицето кое го изнесува ова лажно тврдење е син на поранешен кандидат за градоначалник на Арачиново кој во Грција бил уапсен за нелегален транспорт на мигранти, а бил фатен и со наркотици. Дополнително, за време на кампањата за претседателските избори Билали сакал да отвори изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Арачиново иако таа партија таму нема никаква база, што дава и оправдан сомнеж за политичка заднина на изнесените невистини.

Зачудува потребата на ТВ 21 да остава медиумски простор на личности со сомнителна позадина и сомнителен кредибилитет,  кои шират лаги за наводни вработувања на 300 пилоти, иако се знае дека потребата од пилоти во државата е далеку помала, без притоа да побара став од СДСМ.
Апелираме до медиумите да ги проверуваат изнесените информации и на тој начин да дадат придонес во бробата против лажните вести“, додава владејачката партија.

Во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus” на ТВ21 жителите на Арачиново рекоа дека им било ветено дека ќе бидат вработени 300 пилоти од Арачиново.

Тие се жалат дека сегашната власт им го дала тоа ветување, но излегло дека било лага.

Велат никој ништо не направил з амладите во селото, па сами морале да одат по Амбасадите да бараат визи да се исселат од земјава.

Поврзани новости