Продожуваат партиските препукувања помеѓу СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со одржувањето на референдумот. Христијан Мицкоски и неговата партија порача дека до 10-ти септември ќе се знае дали ќе биде повикан бојкот за референдумот. Од друга страна, СДСМ порача, дека Македонија има историска шанса за напредок.
„Членството во ЕУ и НАТО нема алтернатива, СДСМ обезбедува иднина, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да кажат за што се
Со полноправно членство во НАТО и ЕУ Македонија ја обезбедува својата иднина, со зајакнат и признаен македонски идентитет.
Членството во ЕУ и НАТО немаат алтернатива.
На референдумот на 30 септември Македонија има вистинска, историска шанса за напредок.
Сите прогресивни сили, политички субјекти кои се на страната на иднината го поддржаа референдумот, сите се за НАТО и ЕУ. Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле, се уште не соопштуваат за што се.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да соопштат, дали се за иднина или се враќање во црното минато на криминал, дали се интеграција или за изолација.
На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат светла иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет“, посочуваат од владејачката СДСМ.