Алтмајер: Трговската војна го успорува и уништува економскиот раст и води кон неизвесност

by fokus

Германија и нејзините европски сојузници нема да подлегнат на притисокот на САД за приклучување кон новите американски санкции кон Техеран, изјави германскиот министер за економија Петер Алтмајер, нагласувајќи дека ЕУ ќе проодлжи да ги поддржува компаниите што имаат бизнис врски со Иран.

– Нема да дозволиме Вашингтон да ни диктира со кого ќе соработуваме. На тој начин го почитуваме нуклеарниот договор, со цел Иран да не развие атомско оружје, изјави Алтмајер за „Билд ам Зонтаг“.

Сепак, и покрај најавите на ЕУ дека ќе ги поддржи компаниите кои би биле на удар на американските санкции поради соработката со Иран, неколку европски фирми се откажаа од инвестиции на иранска територија, меѓу кои и нафтениот гигант „Тотал“ и автопроизводителите „Пежо-Ситорен“, „Рено“ и „Дајмлер“.

Алтмајер упати и остри критики на сметка на политиката на Вашингтон за воведување на царини за увоз на некои производи, што доведе до трговски спорови меѓу САД и повеќе земји.

Американската Администарција тврди дека цел на овие царини е заштитата на работните места во САД од „нечесната трговска пракса на Кина и европски и други држави“, но според Алтмајер таквите мерки напротив ќе придонесат за уништивање на работните места.

– Трговската војна го успорува и уништува економскиот раст и води кон неизвесност, нагласи Алтмајер, додавајќи дека најголема штета трпат потрошувачите, затоа што зголемените царини водат до раст на цените на производите.

Алтмајер го поздрави договорот околу царините што минатиот месец го постигнаа првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека тој спасил илајдници работни места во Европа.

Поврзани новости