СДСМ: Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста врти

by Фокус 17:24
17:24

Опозицискиот СДСМ денеска писмено реагира на одлуката на Македонската академија на науки и уметности да го тргне од веб-страницата бројчаникот кој го мереше јавниот долг во секунда.

Зоран Ставрески, кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, скриен како во бункер очајно се обидува да го спаси својот кумашин инволвиран во криминал до гуша. Уште неуплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Зоран Ставрески денес објави проспекти за нова аукција. Побарува повеќе од 93 милиони евра. Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста тој врти, постојано се зголемува долгот на сите граѓани ви земјава. Единствена грешка кај него беше темпото кое покажуваше задолжување од 3 евра во секунда – се наведува во соопштението на СДСМ.

- Advertising -

По реакцијата на владејачката партија МАНУ го тргна бројчаникот од веб-страницата, но не отстапи од тоа дека сумите за задолжувањето се точни.

 

Поврзани новости