МВР најави кривична пријава против Стевчо Јакимовски

by Фокус 16:41
16:41

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска ќе поднесе кривична пријава против С. Ј. и А.Т. за сторено кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“.

Според информации од полицијата, првопријавениот С.Ј. и второпријавениот А.Т. организирале собир на граѓани пред платото на Уставниот суд, со цел да го попречат одржувањето на претходно најавениот мирен протест на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, со што сториле кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“ предвидено и казниво по чл.155 од КЗ на РМ. На 14.03.2016 година, велат од МВР и информираат дека платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, најавиле организирање мирен и ненасилен протест и протестен марш во Скопје.

- Advertisements -

– Во горе наведениот акт било наведено дека протестот ќе започне на 15.03.2016 во 18.00ч пред зградата на Владата на РМ, оттаму групата на граѓани би се упатиле кон собранието на РМ од каде групата би се упатила кон зградата на Уставениот суд на РМ. Таму групата би останала да протестира се до наредниот ден односно до објавувањето на одлуката на Уставниот суд. Мапата за движење била доставена како прилог на известувањето. На настанот организаторот претпоставувал присуство на околу 1000 граѓани и истиот се обврзал да обезбеди редарска служба од најмалку педесетина редари. За самиот настан организаторот доставил и известување до повеќето електронски и пишани медиуми – се наведува во соопштението на МВР.

Од таму објаснуваат дека по дознавање на намерата за организирање на мирни и ненесили протести пред Уставниот Суд на РМ од страна на Платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. на 14.03,2016 година во вечерните часови одржале прес конференција.

– На пресот кој што го организирале пред претставниците на медиумите во РМ најавиле организирање на протест пред платото на Уставниот суд на РМ со цел заштита на функционирањето на Уставниот суд на РМ. На 15.03.2016 второ пријавениот А.Т. со намера да го попречи одржувањето на ненасилниот јавен собир-протест, со писмен допис до МВР на РМ-СВР-Скопје највил дека на 15.03.2016 година во 18.00ч ќе организира мирен собир на платото пред Уставниот суд на РМ не наведувајќи во писмениот допис за што се организира самиот собир – се објаснува во соопштението од полицијата.

Вчера во утринските часови „по инструкции на првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т.“, започнале да се собираат граѓани пред платото на Уставниот суд и започнале со монтирање на бина и тенди-чадори со што насилно го узурпирале просторот на кој претходно уредно пријавениот собир требало да се одржи во организација на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, со што, соопшти МВР, С. Ј. и А. Т. сториле кривично дело.

Поврзани новости