Социјалдемократскиот сојуз го обвини гувернерот Димитар Богов дека знае информации за сопствениците на оф шор фирми кои имаат имот во Македонија. Според партијата, Богов во интервју за Алсат-М телевизија изјавил дека сопственикот на АД Бетон Скопје наводно бил потпретседател во последната влада на СДСМ.
-При избувнувањето на познатата афера „Панама Пејпрс“, токму Богов рече дека нему како Гувернер му се недостапни информациите за личните податоци и банкарските сметки на фирмите основани во даночните раеви. Како ако не му се достапни информациите за сопственоста на фирмите основани во оф-шор зоните Богов знае кој бил сопственик на градежната компанија Бетон Скопје?- прашуваа од СДСМ.
Од партијата велат дека на Богов му приложиле извод од акционерската книга на фирмата,на која наводно се гледа дека првите три најголеми акционери имааат компании регистрирани во Панама и Британските девствени острови.
СДСМ го повикува Богов да каже дали ја има известено Комисијата за хартии од вредност за можна евентуална капитална поврзаност на трите најголеми акционери во АД Бетон Скопје.