Осомничен во „Тврдина” стана директор за борба со криминал во регионот

by fokus

Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е назначен за генерален директор на Југо-источниот европски центар за спроведување на законот ( SELEC), меѓународно тело за борба со криминалот, пренесе НОВА.

Јакимовски е еден од осомничените од страна на СЈО во слуајот „Тврдина“ поврзан со уништувањето на опремата за прислушкување, a беше и меѓу помилуваните од претседателот Ѓорѓе Иванов.

На новата позиција, според информациите објавени на веб сајтот на СЕЛЕК, Јакимовски бил избран на 30 јуни во Букурешт.

Седиштето на меѓународната мрежа за борба со организиран криминал е во Букурешт, Романија, што најверојатно за новиот генерален директор ќе значи дека треба да се пресели во оваа земја.

Од Специјалното обвинителство за НОВА велат дека со оглед на последната одлука на Кривичниот совет да ја одбие нивната жалба за три лица во случајот „Тврдина“, сега осомничените може и да ја напуштат државата, бидејќи нивните пасоши не се одземени, ниту пак се определени други мерки на претпазливост.

Поврзани новости