СДСМ: Богов е сведок дека еврообврзницата е незаконска

by fokus

Од СДСМ денеска го обвини гувернерот Димитар Богов дека во интервјуто за Алсат-М телевизија, обидувајќи се да го оправда своето присуство на конференциската врска со агентите и кредиторите одржана  еден ден пред издавањето на еврообврзница, потврдил незаконско присуство на заменик министерот за правда, Билјана Бришкоска.

-Согласно изјавата на министерот за правда, заклучно со 24.07.2016  до Министерството за правда ниту една една институција се немала обратено во врска со издавањето на еврообврзницата и некој друг освен министерот за правда немал овластување да го претставува министерството. Оттука, го повикуваме Основното јавно обвинителство, пред да донесе решение по поднесените кривични пријави против Миноски и Бришкоска, да ги повика сите наведени сведоци во пријавите, поради тоа што еден од посочените сведоци, Богов, јавно призна за конференциската врска.  – стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата порачаа дека секое друго постапување на Основното јавно обвинителство ќе го сметаат за одлучување врз основа на партиско влијание.

Поврзани новости