Брачна расправија заврши со давење во езерото Калиманци

by fokus

Триесет и едногодишна жена вчера се удави кај браната Калиманци. На нејзиното тело биле откриени траги од насилство, а починала од давење, покажа обдукцијата.

Полицијата се уште трага по нејзиниот сопруг и по автомобилот, со кој заедно излезале од патот и паднале во вештачката акумулација Калиманци.

Несреќата се случила по жестока расправија, после која двајцата тргнале со автомобилот по магистралниот пат кој ги поврзува Виница и Македонска Каменица.

По патот мажот изгубил контрола врз возилото и најверојатно со автомобилот влетал во водите на езерото. Во близина на местото, како што информираат од МВР, биле забележани траги од возило кои воделе до езерото.

Поврзани новости