Голем пожар ја опустоши Гоцевата шума

by fokus

Над триесет хектари од Гоцевата Шума кај Неготино проголта пожарот, кој избувна вчера попладне, а дури утрово беше локализиран.

– Пламените јазици зафатија површина од околу 100 хектари. Гореа главно трева и меѓи, но зафатени беа и лозови насади и дел од шумата. Во моментов 30 наши работници се на терен, информира Јован Јованов директор на подружницата на „Македонски шуми” од Демир Капија.

Пожар избувна и во општина Богданци, каде огнената стихија уништи околу 12.000 метри квадратни-сува трева, стрништа и смрека. Од 4 часот изутринава, во гаснењето на пожарот учествуваа тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување со 40 луѓе.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата на терен со настанатите пожари.

Поврзани новости