СДСМ: „Бетон“ го плаќал авионскиот превоз на иселениците за гласање?!

by Фокус

Од СДСМ обвинија дека авионскиот превоз на Македонците од дијаспората го платила фирмата „Бетон“, за која напоменаа дека зема голем дел од колачот од проектот „Скопје 2014“.

Од партијата објавија разговор меѓу министерот Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, како го договараат авионскиот превоз на иселениците. Во наредниот разговор според СДСМ се слуша гласот на Јанакиески и извесен Трајко Трпевски, на кој министерот му вели дека треба да плати 150.000 евра за два авиони, едниот ги чинел 105.000 а другиот 50.000 евра.

Поврзани новости