Министри од ВМРО-ДПМНЕ даваат насоки за регрутирање на гласачи во телекомуникациските компании

by Фокус

Последните разговори што ги објави СДСМ ја покажуваат спрегата на власта со телекомуниакиските компании, пред се Македонски Телеком, кој е во делумна државна сопственост.

Првиот разговор открива како Миле Јанакиески дава насоки да се лоцираат луѓе во Телеком според партиската подобност, кои треба да гласаат на избори, доколку не сакаат да бидат отпуштени.

Другиот разговор, пак, посочува дека Гордана Јанкуловска сугерира да се лоцираат граѓани преку операторите, според местото од каде купиле телефонски апарат и сим-картичка.

Поврзани новости