443
Од СДСМ обвинија дека авионскиот превоз на Македонците од дијаспората го платила фирмата „Бетон“, за која напоменаа дека зема голем дел од колачот од проектот „Скопје 2014“.
Од партијата објавија разговор меѓу министерот Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, како го договараат авионскиот превоз на иселениците. Во наредниот разговор според СДСМ се слуша гласот на Јанакиески и извесен Трајко Трпевски, на кој министерот му вели дека треба да плати 150.000 евра за два авиони, едниот ги чинел 105.000 а другиот 50.000 евра.