СДСМ бара странски експерти да го решат проблемот со листеријата

by Фокус

Владата веднаш да ангажира реномирана странска експертиза и итно да се открие изворот на бактеријата со што ќе се спречи понатамошно губење на човечки животи, побара денеска СДСМ.

– Помина премногу време, згаснаа човечки животи. Владата очигледно е неспособна самата да го отркие изворот на листеријата. Несериозно е однесувањето на надлежните институции кои со месеци не се способни да одговорат кој е изворот на опасната листерија. Над граѓаните на Македонија постојано виси сомнежот и стравот поради опасната бактерија и не знаат што смеат, а што не смеат да јадат. Апелираме Владата да го прифати предлогот,  се работи за здравјето на граѓаните – велат од СДСМ.

Поврзани новости