Студентите во четврток, а пензионерите секој втор викенд бесплатно ќе патуваат со воз!

by Фокус

Освен возрасните лица, кои можат секој втор викенд бесплатно да се возат со воз, Владата донесе одлука дека и студентите ќе можат бесплатно да патуваат секој четврток.

Според владината одлука, за едно возрасно лице да може да се вози со воз бесплатно секој втор викенд, зависност имаат годините – жените треба да имаат над 62 години, а мажите над 64 години.

За младите до 27 години бесплатен превоз ќе има во третиот викенд од месецот (како и попуст од 50 отсто за карта за железнички превоз за учениците и студентите) и бесплатно патување секој четврток за студентите.

Од први јули, кога почна да важи оваа одлука, овие привилегии ги искористиле 1.000 возрасни лица, 600 студенти и 1.000 лица кои купиле билет со попуст.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев рече дека најмногу возрасни лица патувале од Скопје,  Велес, Прилеп и Битола. Кај студентите и кај лицата кои купуваат со попуст најмногу биле од Велес, потоа од Прилеп, Битола и од Скопје.

 

Поврзани новости