426
Опозициската СДСМ денеска преку соопштение побара оставка од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за кого рече дека е извршителот на Никола Груевски во Скопје и дека оставката им ја должи на граѓаните.
-За Коце Трајановски поважно беше да ги слуша наредбите на Никола Груевски и да ги троши парите на граѓаните за криминални тендери, за раскош и луксуз, споменици, фонтани, барокни фасади, златни огради, панорамски тркала, луксузна резиденција, жални врби. Трајановски треба веднаш треба веднаш да поднесе оставка затоа што за него и ВМРО-ДПМНЕ приоритет беше Скопје 2014, наместо канализацијата за жителите на Црешево, Смилковци, Виниче и Љуботен, се вели во соопштението.