Турската полиција во потера по 120 директори

by fokus

Турската полиција има налози за апсење на 120 директори во рамки на истрагата за неуспешниот обид за воен пуч, а утрово извршила претреси во во 44 фирми во Истанбул.

Како што соопшти турската државна агенција Анадолија, фирмите се сомничат за финансирање на движењето на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој живее во САД, обвинет за организирање на пучот на 15 јули.

Досега по неуспешниот пуч, притворени се  повеќе од 35.000 луѓе,  од кои 17.000 се уапсени по службена должност.

Поврзани новости